Нов италијански гигант во трката за Елиф Елмас

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Како што се шпекулира и Милан покажува интерес за нашиот фудбалски бисер, Елмас кој моментно е член на турскиот Фенербахче.

Претходно Елмас се најде на „радарот“ на врвни екипи како Наполи, Интер, Фиорентина, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Го имаше дебито за Фенер во 2017 година, импресионира и во националниот дрес со 11 мечеви и два голови.

Лани за клубот од Истанбул запиша 40 натпревари и четири погодоци.

Се водат преговори меѓу Милан и Фенербахче за играчот кој според „Трансфермаркт“ вреди 10 милиони евра, иако Турците нема да попуштат и имаат намера да го продадат за сума од 15 или 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот