Нов хит: Талибанците најдоа алкохол во чешката амбасада

Талибанците пронајдоа алкохол во чешката амбасада/ Фото Screenshot Twitter

Сликите и видеото од Талибанците меѓу големите количини алкохол кои се појавија на социјалните мрежи, ја заинтригираа јавноста. Како што секогаш се случува, не можеше да помине без одреден хаос. Имено, на социјалните мрежи беше објавени талибански борци кои провалиле во куќата на поранешниот авганистански министер за надворешни работи Салахудин Рабани, кој избегал од земјата пред Талибанците да влезат во Кабул и се наоѓа во гезил во Пакистан. 

Штом се појави таа информација, лично се огласи поранешниот шеф на авганистанската дипломатија. 

“Ова не е моја куќа, туку амбасада на Чешка. Ова е пропаганда против мене”, рекол Рабани, кој побегнал во Пакистан откако талибанците ја окупирале земјата и кој веќе некое време остро се противи на движењето.  

Но, дали куќата навистина е Амбасадата на Чешка?. Оваа мистерија ја разреши чешкиот новинар Андреј Сокуп, кој на Твитер напиша: „Внимателен поглед покажува дека ова е веројатно чешката амбасада во Кабул“, напиша тој.  

Чешките медиуми го контактираа и поранешниот чешки амбасадор во Кабул, Јиржи Балоун, за овој случај, кој се согласи да го погледне видеото, но не одговори од каде толку алкохол потекнува во чешката амбасада и дали Талибанците нашле повеќе од прикажаното во видеото. 

„Можеме да потврдиме дека објавеното видео ги прикажува просториите на привремено затворената амбасада на Чешка во Кабул“, соопшти Министерството за надворешни работи.  

Чешката амбасада во Авганистан е активна речиси петнаесет години. Амбасадата функционираше до средината на август, кога беше одлучено да се повлечат дипломатите поради брзиот напредок на талибанските бунтовници.  

Според Балоун и командантот на Единицата за воена полиција, чие име го крие армијата, опремата што не можела да се одземе била уништена за време на евакуацијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот