Нов гаф во кралското семејство: Официјалната интернет страница се претвори во страница за возрасни (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Не е познато дали веб-страницата на кралското семејство е хакирана или станува збор за погрешно поврзување со страницата на организацијата. Во секој случај, подоцна линкот бил исправен и сега усмерува кон вистинската страница.

Кралското семејство доживеа нов гаф. Нивната официјална интернет страница, посетителите ги насочува на кинеска порно страница, наместо на добротворната организација на принцот Хари (35), пишуваат странските медиуми.

Поточно, кога корисниците ќе го отворат делот „добротворни организации и заштитници“, меѓу останатото, се појави и организацијата „Dolen Cymru“.

На прв поглед се изгледа нормално, во описот пишува: „Врската Велс-Лесото започна во 1984 година и се развива во образовна врска, здравство, цркви, женски организации итн“.

Меѓутоа, кога корисниците ќе го одберат линкот кој би требало да ги насочи кон официјалната страна на организацијата, се отвора порно страница која нуди пренос на секс во живо во Кина.

принтскрин/royal.uk
принтскрин/dolencymru.оrg

Не е познато дали веб-страницата на кралското семејство е хакирана или станува збор за погрешно поврзување со страницата на организацијата. Во секој случај, подоцна линкот бил исправен и сега пренасочува кон вистинската страница.

Принцот Хари е заштитник на организацијата „Dolen Cymru“ која помага на заедниците во Велс и Лесото, африканска земја која војводата ја посетил пред да и се придружи на војската.

Кога во 2007 година Хари бил прогласен за заштитник, тој рекол: „Толку сум горд што сум поврзан со Dolen Cymru“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот