Нов фудбалски земјотрес, ПСЖ на местото на Мбапе го носи Халанд?

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Трансфер пазарот во фудбалска Европа буквално експлодира во последните 24 часа, а вестите се менуваат од час во час.

Вчера главна фудбалска вест беше Килијан Мбапе кој викендов треба и официјално да стане нов фудбалер на Реал Мадрид, денеска „славата“ ја украде Кристијано Роналдо, но вечерва повторно во фокусот е ПСЖ.

Францускиот тим нема намера да седи со скрстени раце додека ги договара последните детали со Реал Мадрид околу транаферот на Мбапе, и веќе работи на пронаоѓање на негова замена.

Иако се споменуваше фудбалерот на Евертон, Ришарлисон, челниците на ПСЖ размислуваат за еден од најдобрите напаѓачи на светот, Ерлинг Халанд.
Според челниците на ПСЖ, Халанд кој на 63 натпревари за Борусија Дортмунд постигна 62 гола е идеална замена за Мбапе.

Новинарот на британски „Телеграф“, Мет Лоу пренесува дека Халанд во последните моменти од преодниот рок може да пристигне во Париз, додека францускиот „Лекип“ е повнимателен во најавите и пренесува дека се раобти на трансферот на Норвежанецот, но тој треба да пристигне наредното лето.
Во исто време, челниците на ПСЖ преговаат и Пол Погба кој исто така треба да се пресели на „Паркот на принцевите“.
Наводно се отворени преговори со Мино Рајола, контроверзниот агент кој се грижи за кариерите и на Халанд и на Погба и кој наводно се согласил Норвежанецот идното лето да се пресели во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот