НОВ ДОГОВОР ЗА ХЕРОЈОТ ОД „ЕНФИЛД“: Ливерпул сака да го задржи Ориги

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Премиерлигашот Ливерпул ќе му понуди нов договор на напаѓачот Дивок Ориги, објавија британските медиуми.

Тренер на „црвените” Јирген Клоп, е задоволен од последните изданија на Белгиецот.

Сегашниот договор Ориги истекува летото 2020 година. Претходно, голем број клубови во Англија покажаа интерес за него.

Оваа сезона, белгискиот играч постигна седум гола со две асистенции во 20 натпревари во сите натпреварувања. особено значајни се неговите два гола во реванш полуфиналето од ЛШ против Барселона (4:0) кои му овозможија на неговиот клуб да игра во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот