Нов договор со Бостон – 115 милиони долари за четири години

twitter.com/247Sports

Џејлен Браун, крилниот кошаркар на Бостон Селтикс, потпиша нов договор на четири години. Беше трет „пик“ на НБА „дафтот“ во 2016 година, а минатата сезона просечно ја заврши со 13 поени и четири скока и не ги исполни очекувањата на навивачите.

Но, така не размислуваа првите луѓе на клубот, со продолжувањето на соработката очекуваат од својот играч да има важна улога во иднина и со голем придонес во одбраната и нападот.

Бостон има желба да им се врати на шампионските титули (последната ја освоија во 2008 година) и веќе со години крои екипа за атак на прстенот, а ќе видиме дали ќе успеат во новата натпреварувачка сезона 2019/2020.

Исто така, кога сме веќе кај НБА пазарот, Индијана Пејсерс се договори со литванскиот крилен центар Донатас Сабонис, кој потпиша договор на четири години, само што тој беше вреден 77 милиони долари.

Ветеранот Џо Џонсон немаше толку среќа, бидејќи Детроит Пистонс одлучија да го отпуштат и повторно биде слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот