Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост (ФОТО)

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изврши увид во напредокот на реконструктивниот зафат во еден од објектите на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

Фото: Кабинет на МТСП

Градежните работи и опремувањето, започнати во септември, се одвиваат со планираната динамика и ќе завршат до крајот на годинава, кога во реноновираните простории ќе започне со работа нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост на возраст помеѓу 14 и 26 години. Капацитетот на дневниот центар ќе биде 25 корисници.

Фото: Кабинет на МТСП

Во изминатите неколку години, во заводот функционира дневен центар  што обезбедува стручна поддршка и дневно згрижување за триесетина деца, млади и возрасни со интелектуална попреченост. Отворањето на вториот дневен центар ќе овозможи подобри просторни услови за стручна, индивидуална и групна, работа со корисниците, согласно нивната возраст и лични потреби. Со тоа, Министерството излезе во пресрет на барањата и потребите на семејствата на децата со попреченост од Скопје и околината.

Фото: Кабинет на МТСП

Министерката Шахпаска оствари средба со директорот и раководството на институцијата, на која беа утврдени приоритетите за трансформација на институцијата на среден рок. Ќе биде зајакнат капацитетот на институцијата за современа професионална рехабилитација на младите и лицата со интелектуална попреченост. Корисниците кои се сместени во заводот во наредните две години ќе бидат згрижени во групни домови со поддршка во заедницата.

Фото: Кабинет на МТСП

Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да работи на целосно спроведување на деинституционализацијата, што ќе води до поквалитетни социјални услуги во нашата држава согласно потребите на граѓаните. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот