Нов ден нов отказ за Попович и дрим тимот

Вестите дека НБА ѕвездите му удираат „корпа“ на селекторот Грег Попович станаа секојдневие. И денеска уште еден кошаркар објави дека нема намера да игра за репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина (31 август – 15 септември).

Искусниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Кевин Лав е последен кој го откажа настапот за дрим тимот на Мундобаскетот.  Претходно настапот на СП го откажаа и Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Ерик Гордон, Си Џеј Меколум, Бредли Бил, Ерик Гордон, Тобајас Херис, Демиен Лилард , Демар Дерозан и Зајон Вилијамсон.

Кевин Лав беше дел од репрезентацијата на САД на Мундобаскетот во 2010 година и на Олимписките игри во Лондон 2012 година, и во двата наврати го освои златниот медал.

Малку насмевки на лицето на селекторот Попович донесе бекот на Торонто, Кајл Лаури кој се рехабилитира од операцијата на прстот и ќе биде подготвен за настап на Мундобаскетот. Селекторот исто така одлучи поради бројните откази, дополнително да го повика бекот на Сакраменто, Деарон Фокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот