Нов црн рекорд за Хрватска: За првпат над 1.000 новозаразени

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа се забележани 1131 нов случај на коронавирус во Хрватска, со што бројот на активни случаи порасна на 4233.

Меѓу нив има 505 хоспитализирани пациенти, а на респиратори се 24 лица. Во последните 24 часа починало едно лице, а во самоизолација моментално се 17.242 лица.

Во последното деноноќие се излекувани 459 лица, со што вкупниот број на пациенти кои се оздравени изнесува 19.087.

До денеска се тестирани вкупно 385.072 лица во Хрватска, од кои 5.693 во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот