НОВ ЦРН РЕКОРД ВО ХРВАТСКА: 74 жртви од ковид-19 во последните 24 часа

Фото: : ANTONIO BAT / EPA

Во последните 24 часа забележани се 1.830 нови позитивни случаи на ковид-19, со тоа што бројот на активни случаи во Хрватска денеска се искачи на 21.457 лица.

ПОмеѓу нив има и 2.358 пациенти кои се на болничко лекување, а од кои 255 лица се наоѓаат на респиратор.

Во последните 24 чаа починаа 74 лица, што е убедливо најголем број на мртви во еден ден досега во оваа земја.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирусот во Хрватска, до денеска вкупно се заболени 128.442 лица, од кои 1.786 го загубија животот, a оздравени се 105.199 лица.

До денеска вкупно се тестирани 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот