Нов црн рекорд, повеќе од половина милион починати, најмногу жртви од коронавирусот во САД

Фото: Профимедиа

Бразил е втората земја во светот после САД по бројот на заразени и починати од коронавирус.

Во светот како последица на коронавирусот починале 500.533 луѓе. Според податоците на сајтот Worldometer, најмногу жртви од Ковид-19 се регистрирани во САД скоро 129.000, а потоа следи Бразил со 57.070, Велика Брикатанија во која починале скоро 43.000 и Италија 34.716 починати.

Повеќе од сто починати вчера имаат Перу, Русија, Колумбија,Ирак и Иран. Ниеден смртен случај во изминатите 24 час не е забележан во Франција, Германија, Шведска, Кина, Швајцарија, Данска и Унгарија.

Колумбија ја „претрка“ Кина по бројот на заразени од коронавирус. Во саботата во Колумбија се потврдени 4.149 случаеви на Ковид-19 и тоа е трет пат во една недела да е забележан дневен рекорд по број на заболени. Вкупниот број сега изнесува 88.591, додека во Кина од каде започна епидемијата потврдени се 84.726 случаеви на коронавирус. Колумбија е сега на 21.место во светот по бројот на заразени. Пријавено има уште 128 смртни случаеви од Кови-19, така да вкупниот број на починати изнесува 2.939 лица.

Јужна Кореа потврди дека има нови 62 случаеви на коронавирус, додека земјата се соочува со новото жариште после ублажувањето на правилата за физиќко дистанцирање. Според податоците на корејскиот центар за контрола и превенција на болести 40 нови случаеви се од локален пренос на инфекција во земјата, а преостанатите 22 случаеви се „увезени“. Од 40 случаеви, 26 се откриени во густо населени подрачја на Сеул. Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја сега изнесува 12.715 лица, а починале 282. Од инфекција се опоравиле 11.364 лица.

Во Италија во вчера починаа 30 лица заразени од коронавирусот. Од нив 16 лица се од регионот Ломбардија, каде уште бележи најголем број на починати на дневна основа. Според податоците на министерството за здравство од вчера се потврдени 250 новозаразени, па нивниот број достигна дури 240.000 лица. Во Италија до сега починаа 34.708 заболени. Властите соопштија дека бројот на заболени е сигурно поголем од пријавениот, бидејќи повеќето од тие кои имаат сериозни симптоми, не се тестирани, како и многумината кои починале во домови за постари граѓани.

Во меѓувреме, премиерот Џузепе Конте рече дека студентите ќе се вратат на настава на 14 септември после шест месеца наставата ја следа од дома, како една од превентивните мерки која имаше за цел намалување на пандемијата.

Властите во Перу продолжија со вонредната состојба во земјата поради пандемијата од коронавирусот. Седум од 24 региони и понатаму се под строги мерки на карантин, додека во остатокот од земјата тие се ублажени.

Задолжително е социјално дистанцирање за оние под 14 години и за тие над 65 години и понатаму се на сила во тие седум региони, а на граѓаните им е дозволено да излезат за да купат основни прехрамбени продукти или да добијат неопходна услуга. Според податоците на министерството за здравство најмногу заразени има во главниот град Лима, каде има околу 153.000 заболени. Вкрупниот број на заразени изнесува 272.364 лица, а бројот на починати изнесува 9.000.

Во Бразил се регистрирани 28.693 нови случаеви на заразени со коронавирус и 1.109 починати во изминативе 24 часа, соопшти тамошното министерство за здравство. Вкупната бројка на заболени изнесува 1.313.66, а починале 57.070 лица. Бразил е втората земја во светот после САД по бројот на заразени и починати од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот