НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Зејтинот надмина 100 денари

img alt
Зејтин / Принтксрин-Јутјуб

Продолжува растот на цените на маслото за јадење. Зејтинот од марката „Брилијант“ веќе се продава по 105 денари за еден литар, а „Кристал“ може да се најде за 95 денари. Сончогледовото масло „Флориол“ вообичаено е поскапо од другите типови на зејтин и сега се продава по цена од 120 денари за литар.

Во Македонија само една компанија е производител на масло за јадење „од нива до трпеза“, односно го преработува сончогледот, а тоа е „Благој Ѓорев“ од Велес , додека другите се увозници на нерафинирано масло за јадење и потоа го допреработуваат. И едните и другите ја најавија корекцијата на цената. Рафинериите за масло за јадење ја посочија високата цена на нерафинираното масло во странство, а од „Благој Ѓорев“ рекоа дека цената на сончогледот на берзите значително се зголемила, а дека е зголемена и цената на транспортот и на амбалажата.

– За жал, и покрај тоа што нудиме договорено производство со задоволителна цена, интересот кај нашите земјоделци за одгледување на сончоглед е мал, за разлика од некои поранешни времиња. Затоа, во мал процент е искористен и капацитетот на фабриката – изјави за „Слободен печат“ Румен Смилевски, сопственик на компанијата „Малина“, која е втор најголем акционер во „Благој Ѓорев“.

Она што е уште позагрижувачко се најавите од Организацијата за храна на Обединетите нации која соопшти дека „растот на цените на житарките и растителните масла ги повлекува со себе и другите типови храна, а растат и цените на земјоделските производи, затоа што жетвата годинава задоцни поради ковид-пандемијата, а сега наеднаш има висока побарувачка“.

Пред пандемијата маслото за јадење можевме да го купиме по цени околу 65 денари за еден литар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот