Нов бизнис: За да спиете во крветот на Наташа Беквалац треба да платите 1.000 евра од ноќ!

Фото: Инстаграм

Како што пишуваат српските медиуми, наводно Наташа одлучила својот луксузен имот да го издава за венчавки, родендени, прослави, а оваа луксузна вила ќе им биде достапна на сите оние кои ќе посакат да го поминат викендот далеку од гужвата во Белград.

На овој чекор, Наташа се одлучила пред неколку месеци, па се договорила со една агенција да ја издава нејзината вила за 1 000 евра од ден.

Фото: Инстаграм

– Сите беа многу изненадени кога Наташа им кажа дека сака да ја издавата вилата во која вложи многу пари. Но, кога на членовите на семејството им соопшти дека од септември ќе се пресели во Белград каде што Хана ќе ја запише во едно интернационално училиште, а Катја во градинка, сите ја поддржаа нејзината идеја“ вели извор и додава:

– Агентите веруваат дека ова ќе биде добар маркетинг. Посебно ќе им биде интересно на фановите на поп ѕвездата да се одмараат во нејзината куќа и да зборуваат како спиеле во креветот на Наташа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот