Нов бизнис прозорец кон светот за националната економија: Индонезија отвори пристаниште од три милијарди долари

Фото: twitter

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо денеска го отвори пристаништето Патимбан на Западна Јава, истакнувајќи дека ќе има стратешка улога во зајакнување на националната економија што е погодена од пандемијата на ковид-19.

Пристаништето во градот Субанг, 140 километри источно од престолнината Џакарта, е вредно 3,07 милијарди долари и во изминатите години беше едно од приоритетните проекти на владата во делот на инфраструктурата.

Во обраќањето преку видео линк од државната палата, Видодо рече дека првата од трите фази на стратешкиот објект е готов.

– Патимбан, еден од националните стратешки објекти, е готов среде пандемија. Со оглед на стратешката положба што ја има, сигурен сум дека Патимбан ќе биоде клучен во поврзување на различни сектори, од индустриско производство до земјоделство и зголемување на извозот, нагласи индонезискиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот