Нов бизарен „предизвик“ на Тик-Ток: Стоматолозите запрепастени, апелираат да не го правите ова на вашите заби (ВИДЕО)

tik tok

Бизарен тренд руши рекорди на популарниот социјален медиум Тик-Ток.

Сѐ повеќе млади го прифаќаат тик ток-предизвикот и со турпија за нокти си ги рамнат забите. Целата постапка ја снимаат, а потоа ја објавуваат на социјалните мрежи.

Бројот на ваквите видеа е екстремно голем, па во обид да ги предупреди, стоматологот Чад Еванс од Тексас излезе со свое предупредување за штетните последици што може да ги предизвика ваквата непромислена постапка.

Правите непромислена и штетна постапка за вас и за вашето здравје – истакна стоматологот, кој посочи дека кога дознал за ваквиот тренд меѓу младите, тој и неговите колеги биле шокирани.

Неговата загриженост ја срочи во објава на социјалните медиуми истакнувајќи дека рамнењето на забите со турпија за нокти, воопшто не е безопасно како што изгледа на прв поглед. Како што објаснува Еванс, оваа практика е многу слична со постапките на стоматолозите кога пациентот има оштетени заби.

Дури и професионалното рамнење на забите може да биде опасно, а не овој начин што го прават аматери. Со ваквата интервенција на забите се уништува глеѓта и забот може да стане пречувствителен, па дури и комплетно уништен – заклучува тој и апелира до сите што го виделе предизвикот или размислуваат да го направат, да се откажат пред да си предизвикаат перманентна штета на забите.

По реакцијата на овој стоматолог, виралните видеа стигнаа до вестите во некои американски држива, а се зголемува и бројот на стоматолози што се огласуваат и апелираат да не се споделува овој „предизвик“, како би ги спречиле младите од оштетување на своите заби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот