Нов биланс: Во земјотресот во Измир загинаа 66 лица, над 900 повредени

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Во земјотресот во Турција загинаа 66 лица, додека над 900 се повредени, го соопштија денеска тамошните власти новиот биланс на настрадани.

Земјотресот се случи во петокот попладне, рушејќи згради во Измир, третиот по големина турски град, предизвикувајќи и мало цунами во населбата Сеферхисар и на грчкиот остров Самос.

По главниот земјотрес следуваа стотина помали потреси.

Земјотресот беше со јачина од 6,9 степени по Рихтерова скала, а епицентарот беше во Егејското море североисточно од Самос. Потресот беше на длабочина од 16 километри.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот