Нов баланс – 162 смртни случаи на коронавирус

Фото: EPA-EFE/XIONG QI

Здравствената комисија на кинеската провинција Хубеи, во која за првично изби епидемијата на коронавирус, соопшти дека бројот на смртни случаи во таа провинција се зголемил на 162 до 29 јануари.

Во провинцијата се регистрирани 1.032 нови случаи, и сега вкупно има 4.586 заразени.

Странските влади забрзано ги евакуираат своите граѓани од таа област, а Светската здравствена организација изрази „сериозна загриженост” за ширењето на вирусот што се пренесува од човек на човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот