Нов апел на ИОК: Без прегратки, маските да се вадат само за фотографирање

EPA-EFE/JOE GIDDENS

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) побара од натпреварувањето на Олимписките игри да нема прегратки за време на церемонијата на доделување на медали, а исто така и да не се тргаат маските на подиумот не повеќе од 30 секунди.
– Постојат работи кои за жал мора да ги заостриме – изјави Марк Адамс, портпаролот на ИОК.

Ова значи дека ИОК ги ажурираше протоколите и правилата на однесување за време на Игрите во Токио поради пандемијата на коронавирусот.
Националните олимписки комитети ги добија новите инструкции во кои е нагласено дека заштитните маски на подиумот можат да се симнат на само 30 секунди поради фотографирање.

Исто така, ИОК бара да нема прегратки за време на прославувањето на освоените медали.
– Нема опуштање. Бараме и ги молиме сите да ги почитуваат правилата без разлика во каков однос сте со натпреварувачот кој освоил медал. Прегратките не се неопходни, важно е сите да бидеме внимателни како за спортот, така и за сите кои се на Игрите но и за нашите пријатели во Јапонија кои не примија во нивната држава во овие тешки времиња – изјави Адамс.

Јавноста во Јапонија се уште е непријателски настроена кон одржувањето на Игрите кои ќе траат се до 8 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот