Нов албум: „Чиста околина“ го објавија „Avant-garde fatiguée“

Tочно дваесет и пет години по култното деби „Новиот аспект на старата школа“ хип-хоп бендот „Чиста околина“ го објавија повратничкиот албум „Avant-garde Fatiguée“. Албумот беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“, а објавен е под етикетата „Филтер лабел“.

Музички, новиот албум на „Чиста околина“ ја задржува бескомпромисноста по која се познати, но овој пат, таа е засилена со креативна зрелост и силен авторски потпис. Тие храбро ги комбинираат психоделијата на „Funkadelic“ и бунтовноста на „Beastie Boys“ и ги пуштаат низ призма на надреализам зачинет со здрава доза на самоиронија. Материјалот е истовремено директен и повеќеслоен, базиран на сонични експерименти во кои детската љубопитност и техничката прецизност живеат во совршена хармонија.

Продуцент на албумот е Оливер Димитров, а автор на обвивката е сликарот и графички дизајнер Атанас Ботев.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 82, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 29-30 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот