Нотр Дам на градите, специјални дресови на ПСЖ - Слободен печат
СпортФудбал

Нотр Дам на градите, специјални дресови на ПСЖ

Францускиот тим во недела на дербито против Монако ќе настапи со дресови на кои се наоѓа силуета на Нотр Дам во чест на запалената катедралата.

Фудбалерите на ПСЖ во недела ќе имаат специјално креирани дресови на дерби пресметката со Монако на која ќе се обидат да победат со што и математички би ја освоиле титулата.

Фудбалерите пред своите навивачи ќе истрчаат со специјални дресови, посветени на катедралата Нотр Дам која се запали пред три дена, на градите ќе биде вметната силуетата на Нотр Дам.

Со ова екипата на ПСЖ се вклучи во масовната иницијативаза обнова на катедралата, а исто така во своите продавници ќе продаваат маички со мотиви на Нотр Дам по цена од 10 евра, и собраните средства ќе бидат уплатени во фондот за обнова на катедралата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close