Носталгија: Пред 12 години е произведен последниот автомобил кој претставуваше симбол на Југославија

Instagram
Instagram

На 11 ноември 2008 година, на производствената линија на компанијата „Zastava“ во Крагуевац, Србија се „склопи“ последното „Yugo“. Овој автомобил несомнено беше далеку од совршен, но според многумина „имаше душа“. Тоа беше еден од најпопуларните автомобили на поранешна Југославија и клучен обид за модернизација.

Instagram
Instagram

Овој автомобил целиот свој „век“ го придружуваше негативниот епитет за најлош автомобил. Но, многумина ќе се сложат дека тоа е апсолутно неправедно.

Бил замислен како модерен наследник на Фиќото. Првично наречен „Zastava 102“, потоа „Jugo“ и на крај конечно „Yugo“. Овој автомобил е создаден врз основа на моделот „Fiat 127“, а неговото производство започна на 28 октомври 1980 година. Првиот примерок на овој култен авромобил беше промовиран на Денот на Републиката.

Instagram
Instagram

Југо ги задржа своите компактни димензии (349х154х134 сантиметри), а понудата се состоеше од три мотори. Послабиот „Југо 45“ се засноваше на мотор развиен во 1955 година за „Fiat 600“. Помоќната опција беше „Југо 55 (60)“ со моторот на Стојадин, кој остана најпопуларниот избор. Имаше и помоќен модел „Југо 65“ со 1.3 литарски мотор и со повеќе спортски перформанси.

Пред 35 години, „Zastava“ го изнесе првиот „Yugo GV“ на американскиот пазар и го понуди на клиентите по цена од 3.990 американски долари. Етикетата „GV“ значеше „Good Value“ и со оваа порака за маркетинг беше осуден на пропаст уште од самиот почеток.

Instagram
Instagram

Според анализи на „BBC“, заслужен за влегувањето на „Yugo“ на американскиот пазар бил Малком Бриклин, искористувајќи го фактот дека во средината на 1980-тите години во Америка беше пожелно секој да поседува ефтин и економичен автомобил.

Со помош на политичарите и дипломатите Хенри Кисинџер и Лоренс Иглебургер постигнаа договор со југословенските власти Американците првпат да го видат овој автомобил на саемот во Лос Анџелес во 1984 година.

Instagram
Instagram

Иако максималната брзина беше околу 138 километри на час и тоа беше најбавниот автомобил на американскиот пазар во тоа време, имаше огромен интерес и продажба. Извозот беше запрен во 1992 година поради распадот на Југославија.

Овој автомобил се појави и во неколку филмови, а една од главните улоги ја „глумеше“ во филмот „Drowning Mona“.

Истражување објавено во 1987 година од магазинот „Popular Mechanics“ покажало дека на Американците овој автомобил навистина им се допаднал во тоа време.

Околу 78% од неговите сопственици во Америка го оцениле како автомобил со добар или одличен квалитет, а 42% рекле дека повторно би го купиле.

Instagram
Instagram

„Yugo“ се произведуваше до 2008 година. Легендата вели дека последниот произведен автомобил бил продаден за 50.000 евра. Во текот на 28 години компанијата произвела вкупно 794.428 автомобили.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот