НОСИТЕ ЛЕЌИ? Еве што сè треба да знаете ако патувате на море - Слободен печат
ЗдравјеМагазин

НОСИТЕ ЛЕЌИ? Еве што сè треба да знаете ако патувате на море

Постојат и леќи кои траат само еден ден, но не се наменети за пречеста употреба.

Доколку имате проблеми со видот или одредени проблеми со здравјето на очите, на нив треба да обрнете особено внимание во текот на летото.

Ако сте избрале да носите леќи, тоа може да биде доста тежок предизвик за вас кога сте на одмор. Особено не се препорачува да носите леќи на плажа, кога се изложени на сонце или кога пливате, поради тоа што окото побрзо се суши.

Дури и самите производители и продавачи на леќи забележале дека потрошувачката во лето е намалена. Постојат и леќи кои траат само еден ден, но не се наменети за пречеста употреба.

Запомнете, колку и да изгледа водата чиста, никогаш не пливајте, а уште помалку немојте да нуркате со леќи, бидејќи може да се заглават честици нечистотија и да предизвикаат инфекции.

Затоа, купете квалитетни очила за сонце, за неколку дена во годината не вреди да го ризикувате здравјето на очите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close