Носење заштитни маски во Белгија не е легално

Profimedia
Фото: Профимедиа

Носењето заштитни маски на јавни места што го покриваат лицето не е легално во Белгија, велат правниците, потсетувајќи дека прекршување на законот предвидува казна до 137 евра и/или затвор од еден до седум дена.

Законот стапи во сила во 2011 година, кога од „безбедносни и морални причини” беше забрането жените во јавност да носат бурки и никаб. Правниците тврдат дека духот на законот бил нарушен при носење маски за да се спречи ширење на инфекцијата, како и кога тоа го бара работодавачот или е поврзано со карневалски настан. За да се овозможи исклучок, законот предвидува полицијата да издаде дозвола за случајот. За да може законски да се носат заштитни маски, ќе биде неопходно кралот да издаде нов указ во кој се наведуваат исклучоци од   правилото.

Белгија беше втора земја во светот, по Франција, што воведе таков закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот