„Носачите на ковчези“ од Гана и „новата популарност“ во време на короната: Не сакаме тажни погреби (ВИДЕО)

Работата на танцувачките носачи на ковчези стана успешен кога семејството на починатиот локален политичар се одлучи со иновативен танц да го испрати покојникот.

Црно-бел костум, наочари за сонце, ковчег на покојниот на рамена и танц на момчиња од Гана кои не сакаат тажни погреби. Со лесни покрети на рацете, ползење или лежење и синхронизиран од со поскокнување на ритамот на музијата, посмртните обреди во Гана изгледаат повесело, пишува Гардијан.

Носачите на мртовечките ковчези во Гана станаа популарни во 2017 година кога БиБиСи направи репортажа за нивниот обичај за погребување. Меѓутоа, некој на постоечките видео снимки додаде придружна хаус музика и танцот на африканските погребници стана вирален на социјалните мрежи, ѕвезда на „мим индустријата“ и – во период на пандемија од коронавирус – шеговит начин луѓето да се предупредат на опасноста од непочитувањето на социјалната дистанца.

Луѓето ширум светот почнаа да ги имитираат движењата на африканските момчиња. Од индиските и перуанските полицајци, до демонстрантите во Либан кои со танц ја оплакуваа економијата на земјата. Обожавателите на танчерите од Гана можат да купат нивни фигурички во Хонгконг, додека во едно кафуле во Тајван гостите ги послужува маскиран персонал сличен на популарните носачи на ковчези.

Бенџамин Аидо, водечкиот танчер на популарните носачи на мртовечки сандаци, со работата почнал да се занимава до 2003 година, штом завршил средно училиште.

Меѓутоа, не му се допаднало како изгледаат погребите, па дошол до идеа да танцува со ковчегот, сакајќи оние кои се живи да им оддат почит на своите починати со музика и танц.

„Повеќето луѓе сакаат ваков вид на обичаи затоа што сакаат да бидат среќни. Дури и кога ќе ти умрат родителите, знаеш колку направиле за тебе, па нема потреба од плачење“, рече Аидо.

„Кога знаете како луѓето го поминале својот живот, би било одлично тоа да го прославите“, додаде тој.

Работата на танцувачките носачи на ковчези стана успешен кога семејството на починатиот локален политичар се одлучи со иновативен танц да го испрати покојникот.

„Добивме бели костуми и 100 долари. Тоа беше првпат да видам банкнота од 100 долари“, рече Аидо.

Тој сфатил дека може да заработи пари и го разработил бизнисот, и моментално вработува 100 луѓе, главно мажи. .

Неодамна вработил и менаџер кој му помага да го води глобалниот бренд.

Меѓутоа  како и останатите бизниси во текот на пандемијата, и на Аидо не му оди најдобро.

„Погребите се ограничени на 25 лица, вклучувајќи ги и носачите на ковчегот. Ситуацијата е мачна и на луѓето не им се пее ниту танцува, а некои ги држат телата на најмилите во мртовечнциа додека не се укинат ограничувањата“, рече Аидо.

Сепак, Аидо апелираше до своите фанови да „останат на безбедно и да ги почитуваат правилата“.

„Еден ден сите ќе се запознаеме. Оваа пандемија ќе биде готова и ќе имаме време за запознавање“, рече Аидо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот