Норвешкиот научник кој утврди врска меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и смртните случаи од тромбоза криел дека земал пари од „Фајзер“

Фото: twitter

Холме за норвешкиот весник изјавил дека парите биле за предавања на меѓународни и домашни конгреси, обуки и патни трошоци.

Во последните пет години, норвешкиот хематолог Пал Андре Холме примил над еден милион круни од „Фајзер“ и „Баер“, објави норвешкиот весник „ВГ“.

Тој и уште неколку негови колеги се автори на научната студија во која е утврдено дека смртните случаи од згрутчување на крвта кај тројца здравствени работници во Норвешка е поради вакцината на „АстраЗенека“.

Пал Андре Холме е шеф на Одделот за крвни болести на Универзитетската болница во Осло и тој го предводеше клиничкиот дел од студијата. Но, она што не е споменато во студијата е дека тој примил 265.438 круни од фармацевтската компанија „Фајзер“ од 2015 до 2019 година и уште 663.659 круни од „Баер“.

Дополнително, неговата компанија „Хемаконсулт“ добила 262.450 и 57.697 круни од „Фајзер“ и „Баер“ во 2019 година, или вкупно 1.249.244 круни за пет години, што е околу 125 илјади евра, пишува „ВГ“.

Холме за норвешкиот весник изјавил дека парите биле за предавања на меѓународни и домашни конгреси, обуки и патни трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот