НОРВЕШКИ ЗАТВОР КАКО БАЊА: Затворениците вежбаат јога, учат занат, англиски, етика (ВИДЕО)

Норвешката служба за извршување на санкции пред 25 години спроведе низа реформи за да стави акцент на рехабилитацијата на осудениците.

Затворениците кои претходно поголемиот дел од денот минувале затворени во ќелија, денес имаат можност да се обучуваат и образуваат, а улогата на чуварите е променета од корен.

„Не сакаме бес и насилство на ова место. Сакаме смирени и мирољубиви робијаши“, вели директорот на затворот во Халден, Оре Хојдал.

Тоа воопшто не е едноставно затоа што трошоците на сместување по затвореник изнесуваат скоро 100.000 евра годишно.

Системот на „динамичка безбедност“ подразбира чуварите и затворениците работат се заедно: заедно јадат, играат одбојка, се одмораат, што на чуварите им овозможува да разговараат со нив и да ги мотивираат.

Затворските ќелии се направени така што да се сведе на минимум чуството на затвореникот дека е зад решетки, за да се ублажи психолошкиот стрес, а архитектурата е ускладена со околината. Затворите чија градба чинела 150 милиони евра, се состои од двоспратни згради и дрвени бунгалови, кои повеќе личат на универзитетски кампус отколку на затвор. Околу него растат дрва и опкружен е со дебел бетонски ѕид, но никаде нема бодликава жица, ниту електрична ограда. Секој затвореник има своја ќелија со тоалет, туш кабина, фрижидер, маса, рамен ТВ екран и поглед на шума.

Од првиот ден на престојот во затвор почнуваат подготовките за нивно ослободување, а сите еден ден ќе бидат ослободени, затоа што во Норвешка нема доживотна робија.

Во кругот на затворот, осудениците учат автомеханичарски занат, се подготвуваат за столари или кувари.
Затворските службеници имаат обука која во Норвешка трае две-три години.

„Сакаме да спречиме повторно оддавање на криминал, што значи луѓето мора да бидат добро обучени. Моите студенти учат право, етика, криминологија, англиски јазик, реинтеграција и социјална работа. Потоа минуваат една година на пракса во некој затвор, па се враќаат на полагање на завршните испити“, вели Ханс Јирген Брукер од универзитетскиот колеџ на норвешката служба за извршување казни.

Управникот на затворот Аре Хојдал вели дека не се сеќава кога последен пат имало насилство во неговиот затвор. Неодамна е основан хор, добиле музичко студио, а во план е и божиќен концерт. Наскоро излегува и нивниот нов кувар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот