15 C
Скопје

Норвешки предизвик за Ристовска во полуфиналето на ЛШ

Денеска со жрепка беа формирани полуфиналните двојки на Фајнал-фор турнирот во женската Лига на шампионите, а во Будимпешта Македонија ќе ја претставува Сара Ристовска.

Нашата репрезентативка ги брани боите на ЦСКА Москва и воедно една од најзаслужните што руската екипа ќе биде дел од завршниот турнир за натпреварувачката сезона 2020/21.

Претпоследна пречка на патот кон финалето за ЦСКА Москва ќе биде Кристиансанд од Норвешка, а во второто полуфинале Ѓер (Унгарија) ќе се соочи со Брест (Франција).

Полуфиналните дуели ќе се играат на 29 мај со почеток од 15.15 часот и 18.00 часот, а финалето и борбата за третото место се наредниот ден во истите термини.

Во четвртфиналето ЦСКА го елиминираше романскиот ЧСМ Букурешт, а Кристиансанд беше подобар во двомечот со рускиот Ростов Дон.

Фото: Пресс-служба ПГК ЦСКА

ЦСКА Москва на „крилјата“ на Ристовска во полуфиналето на ЛШ

Поврзани вести

ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

Слободен печат

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Остави Коментар