Норвешки научници тврдат дека имаат доказ дека браната кај Херсон е крената во воздух

Фото: Твитер

Сè уште е нејасна причината за екпслозијата на браната Каховка кај Херсон, но се појавуваат нови докази за тоа како таа била оштетена.

Сеизмичките сигнали снимени во Буковина, Романија, 620 километри (372 милји) оддалечена од Нова Каховка, укажаа дека експлозијата се случила во 02:54 часот во вторникот, открија норвешките сеизмолози.

Научниците од Носар, норвешка сеизмолошка организација, велат дека времето и местото се совпаѓаат со уривањето на браната, пренесува „Би-Би-Си“, додавајќи дека само многу голема количина експлозив можела да произведе сигнал откриен на речиси 650 километри.

Од почетокот Украина ја обвини Русија за кревање на браната во воздух.

Тие велат дека сега имаат докази за поддршка на тоа обвинение, а нивната домашна служба за безбедност тврди дека пресретнала телефонски разговор меѓу двајца мажи кои зборувале руски, кои рекле дека пробивањето на браната е резултат на активностите на руска диверзантска група.

Москва, пак, негираше дека е виновна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа го нарече чин на „саботажа“ што ќе го остави полуостровот Крим, област анектирана од Русија во 2014 година, без вода.

Аналитичарите сметаат дека уништувањето на браната со поставување експлозив внатре е многу поверојатно сценарио, за што придонесува и фактот што браната пред нејзиното уништување била целосно под контрола на руските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот