Норвешки епидемиолог: Да постапевме како Шведска, ќе имавме поголем имунитет

Еден од најистакнатите норвешки епидемиолози Еилив Лунд, професор на Универзитетот во Тромсе, ја коментираше ситуацијата со коронавирусот во Норвешка и ја спореди со Шведска.

Според најновите извештаи, во Норвешка со коронавирусот се заразени 1 отсто од жителите, а Лунд Нагласува дека тоа е „показател на слабост во норвешката стратегија“.

Луѓе уживаат во сончевото време во ресторани на отворено / 23 април, Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND S
  • Бројките ни се ниски бидејќи воведовме многу строг карантин. Да го направевме она што го направија Швеѓаните, ќе имавме повисока стапка на заразата, но со самото тоа и поголем имунитет, рече Лунд.
Училиштата и градинките во Норвешка се отворени. На фотографиајта се гледаат поголем број деца во дворот на основното училиште Викасен во Трондхеим, Норвешка / 27 април 2020, Норвешка / Фото: EPA-EFE/Gorm Kallestad NORWAY OUT

„Владата имаше голема доверба во стратегијата на карантин. Но, сега пројдоа неколку недели, а стратегијата да делуваше навистина ќе имавме нула случаи“, рекол тој и додал:

  • Постои слабост во нашата стратегија. Се мислеше дека ако останевме во карантин доволно долго дека вирусот ќе исчезне, но тоа што е проблем е дека ние не можеме да спречиме тој да влезе од надвор. Тогаш мораме да чекаме на пронаоѓање на вакцина или лек. Само го одложивме проблемот кој неминовно повторно ќе се појави во иднината“, заклучи Лунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот