Норвешката економија нападната од алги

Околу осум милиони лосос на фармите во северниот дел од Норвешка умреа како резултат на рапиден цут на алгите. Дел од експертите велат дека ова е конкретен пример за климатските промени, пишува ЊуЈорк Тајмс.

Норвешките фарми се најголеми производители на лосос во светот, и економијата на државата може сериозно да биде под удар доколку цутот на алгите продолжи.

Во соопштение, Норвешката агенција за риболовство, процени дека изгубени се околу 11.600 метрички тони на лосос што вредат околу 82 милиони долари. Производителите велат дека штетата е најверојатно многу повисока од првичните проценки.

– Преелиминарните бројки велат дека умреле осум милиони риби, што е околу 40.000 метрични тони лосос кој нема да стигне до продавниците – изјави Даг Сорли, портпарол на Норвешкиот совет за морска храна.

Сепак, тоа е помалку од 1 процент лосос што норвешката рибна индустрија го произвела минатата година, околу 1.3 милиони метрички тони лосос.

Девет компании биле оштетени од цутот на алгите во регионот на Тромс и Нордланд. Неколку компании изгубиле и 80 до 90 отсто од производството.

Алгите се микроскопски организам кои формираат фитопланктон и вообичаено не се приметуваат, но понекогаш, кога водата е топла и морските струи спори, популацијата на алги нагло се зголемува, се случува и да се видливи од вселената. Цутот на алгите е природен настан, но многу ретко се случува алгите да бидат вака концентрирани на едно место, и да бидат фатални за рибите.

Вообичаено, лососот може со пливање да ги избегне алгите, но во фармите, просторот во кој лососот може да е движи е ограничен.

Норвешкиот биолог Ларс-Јохан Науствол вели дека лососот бил загушен од алгите.

– Фитопланктонот кој што го произведува алгата ја гуши рибата. Алгата доаѓа во контакт со жабрите на лососот, преку кој тој диши и штети на мембраната и клетките на жабрата со што ја уништува. Со тоа рибата всушност умира од недостаток на кислород – изјавил Науствол за Њу Јорк Тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот