Норвешка од следната година ќе дозволува двојно државјанство

Норвешката Влада од 1 јануари 2020 година ќе го дозволува двојното државјанство. Странските државјани кои ги исполнуваат условите ќе можат да добијат норвешко државјанство без обврска да се откажат од постојниот пасош и државјанство.

Норвежаните, воедно, ќе можат да поднесат барање за државјанство во други земји, без да се откажат од своето.

-Со овозможување на двојното државјанство ќе обезбедиме норвешкиот закон да го следи развојот во глобализираниот свет, во кој се поголем број луѓе имаат некоја врска со повеќе земји, пред новинарите изјави норвешкиот министер за образование и интеграција, Јан Торе Санер, пишува агенцијата Анадолија.

Норвешкиот Парламент, Стортингет, минатата година го усвои предлог законот за дозволување двојни државјанства.

Покрај тоа, Норвежаните кои од порано се откажале од државјанството за да земат некои друго сега имаат можност да си го повратат норвешкото државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот