Норвешка нема да дава вакцини од АстраЗенека на лица постари од 65 години

Фото: Профимедиа

Норвешка нема да ја понуди вакцината АстраЗенека против Ковид-19 на лица над 65 години, соопшти денеска норвешкиот Институт за јавно здравје. Норвешка станува уште една европска земја која ја ограничува употреба на вакцината АстраЗенека.

Вакцините на „АстраЗенека“ пристигнуваат во Македонија

Досега, околу 135.000 лица во Норвешка ја примија својата прва доза, а околу 35.000 ја примија втората доза на вакцини Модерна и Фајзер/БиоНТех против Ковид-19, соопшти институтот.

Во испитувањата спроведени од „АстраЗенека” учествувале мал број луѓе постари од 65 години, што значи дека нема документација за влијанието на вакцината врз постарите групи на население, се вели во соопштението на институтот.

Норвешка им препушта на лекарите да одлучат кој ќе прими вакцина против Ковид-19

Норвешка обезбеди бесплатна вакцинација за свите граѓани. Откако почнаа со вакцинација кај дел од вакцинираните се појавија нескани ефекти и беа пријавени 13 смртни случаи од вакцината на АстраЗенека. Норвешката агенција за лекови тогаш рече дека лекарите ќе треба да одлучат кој ќе биде вакциниран, според неговата здравствена состојба.

Разногласие околу вакцините на АстраЗенека во Европската комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот