Норвешка нѐ казни во финишот, нашите футсалци во баражот!

фото: ФФМ

Не успеа планот на избраниците на селекторот Скендеровски со играч повеќе да дојдат до победнички погодок против скандинавците.

Откако во првото коло од претквалификациите во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје славевме над Велс со 1:0, денеска во решавачкиот меч најдобрата македонска футсал репрезентација загуби минимално со 1:2 од Норвешка.

После првото полувреме водевме со погодокот на Крстевски (04:48 мин.), а ривалот направи пресврт благодарение на Педерсен (22:07 мин.) и Раквааг (37:07 мин.)

Во последните пет минути од средбата нашите футсалци ја контролираа повеќе топката, а селекторот Скендеровски одлучи по тој втор гол да напаѓа без голман со додатен играч во нападот.

Таквиот план не успеа, па после една наша загубена топка, противникот успеа да казни преку нивниот голман Раквааг кој од гол на гол ја донесе победа на својата селекција.

После овој пораз нашите најдобри футсалци ќе мора преку баражот да бараат учество во главните квалификации за пласман на Европското првенство 2022 година.

Во конечната група „И“, Норвешка која претходно со 7:2 триумфираше над Велшаните го освои првото место со 6 бодови, второпласирана Македонија со три бодови, ниту еден Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот