6 C
Скопје

Норвешка им препушта на лекарите да одлучат кој ќе прими вакцина против Ковид-19

Норвешките власти оставија на лекарите да одлучат кој треба да се вакцинира против Ковид-19.

Норвешката агенција за лекови вчера соопшти дека вкупно 29 лица имале несакани ефекти, од кои 13 биле фатални, а сите смртни случаи се пациенти во домови за стари лица, сите постари од 80 години.

Агенцијата ги наведе треската и гадењето како несакани ефекти, сметајќи дека тие може да доведат до смрт на „некои слаби пациенти”, како што објасни Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови во првиот извештај за несаканите ефекти.

Според официјалните податоци, од крајот на декември повеќе од 30.000 луѓе во Норвешка ја примиле првата доза на вакцина против коронавирусот на Фајзер или Модерна.

Прочитајте и...  Научници развиваат вакцина против ковид-19 во форма на спреј

– Ова не не вознемирува. Сосема е јасно дека овие вакцини имаат многу низок ризик, со мал исклучок за најслабите пациенти, рече Стеинар Мадсен, медицински директор на агенцијата за норвешкиот радиодифузер НРК.

– Лекарите сега мора внимателно да размислат кој треба да се вакцинира. Оние кои се многу слаби и на самиот крај на животот можат да бидат вакцинирани по индивидуална проценка, додаде тој. Норвешката агенција за лекови нагласи дека 21 жена и осум мажи имале несакани ефекти од вакцините.

Извор:МИА

 

Поврзани вести

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

САД: Русија ги блокира напорите Сирија да одговара поради употреба на хемиско оружје

Слободен печат

Остави Коментар