Норвешка ги затвора сите аеродроми поради епидемијата на коронавирусот

Знамето на Норвешка / Фото: Профимедиа

Сите аеродроми во Норвешка ќе бидат привремено затворени од понеделник (16 март), за да се спречи ширење на новиот коронавирус, соопшти премиерката Ерна Солберг.

Како што наведе, на норвешките државјани ќе им биде овозможено враќање во земјата.

Новрешката влада е подготвена да направи се што е потребно за помош на економијата во земјата, која сериозно е погодена со затворањето на фирмите поради коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Исто така владата ќе побара увоз на медицинска опрема од Кина.

Во Норвешка досега се заразени 907 лица, а починаа две.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот