Нормално е да прифатиме нешто за што е донесен специјален закон, вели Трајановски за „Бехтел и Енка“

Фото: Фејсбук

„Сосема е нормално нешто што е договорено ние да го прифатиме, со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во парламентот, а дадени се и големи пари за „Бехтел и Енка“,“ рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

„Влеговме во финансиска обврска и сметавме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира „Бехтел и Енка“ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултати во последните три месеци“, додаде Трајановски за изненадувачкото прифаќање на ВМРО-ДПМНЕ на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д, откако претходно од опозиција беа жестоки критичари на договорот и на начинот на кој тој беше потпишан.

Власта на СДСМ и ДУИ, и покрај острите критики на експертите и на тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, одлучи да го заобиколи Законот за јавни набавки и да не распише тендер, туку да донесе специјален закон со кој ќе ѝ го довери на .

Директорот на ЈПДП вели дека овој проект е еден од најважните во земјава, а критиките на сегашната власт, тогашна опозиција, биле по неколку основи – од фактот дека зад овој договор не стои ниту една банка, до плаќањето пенали кон „Бехтел и Енка“ оти од претходната влада не бил испочитуван шестмесечниот рок за реализирање на обврските кои ги презела државата, како што се експропријација и деминирање.

„Сосема е нормално нешто што е договорено ние за да го прифатиме со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во парламентот на Република Македонија, дадени се големи пари за ’Бехтел и Енка’, некаде 227 милиони евра за аванс, подготовка, пред да дојдам за директор. Сепак, влеговме во една финансиска обврска и сметаме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира ’Бехтел и Енка’ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултатите во последните три месеци“, рече Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот