Нормални против ненормални?

Пред повеќе од 160 години, во една тогашна остра дебата во Отава, полемизирајќи со своите политички противници Абрахам Линколн ќе ја изговори познатата реченица дека „во ова време, во оваа земја, јавниот сентимент е сè – со него (на ваша страна) ништо не може да потфрли; против него, ништо не може да успее“.

Како што гледате, во суштината на политиката – кому ќе му се наклони јавното мислење – ништо не се менува, без разлика кој век ќе го одберете. Останатото е само медиумска технологија: од врескање качени на гајби, се помина на врескање преку социјални и електронски медиуми.

На месец дена пред избори, политичкото врескање во Македонија полека се движи кон врвот на децибелите, резервиран за почетокот на јули. Вчера, на пример, опозицијата пропагандно промовираше нов „слоган“ со кој се критикува политиката на власта: „Новото нормално на Заев“!

Прочитајте и...  Јадранка Косор: Очувот се обиде сексуално да ме злоупотребува на 15 години

Мислам дека таа карактеризација е точна. Особено кога ќе се доведе во контраст со „Новото ненормално на Мицкоски“ – претпоставувам не сакајќи, опозицијата ја дефинира главната разлика во изборните политички понуди: нормалност против ненормалност; дури, нормални против ненормални?

Да се прашува Линколн, што мислите, кому би му ја доверил предноста во вака дефинираниот судир за наклонетост на јавниот сентимент?

Елем, во време на кризи, јавноста не сака постојано да ја плашите, заканувачки да ѝ се внесувате в лице, дополнително да ја вознемирувате со најцрни прогнози, да ѝ предвидувате дека сите, наскоро, ќе умрат… па макар и поради „неспособноста“ на власта. Уплашен човек не може рационално да размислува, возбудата му буричка по емоциите, стравот ќе го разболи и пред да се зарази.

Прочитајте и...  Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Во време на кризи, јавноста сака смирување – не лажење! – со точни информации и анализи за состојбите, со објаснување на постапките и мерките што се преземаат на начин што ќе ѝ овозможи на таа јавност логично и одговорно однесување, без страв и паника. Паниката, впрочем, никогаш не е добар сојузник во политиката, а ширењето страв е очајничка стратегија.

Во такво расположение, го читам вчера постот на нашиот познат токсиколог, д-р Нико Беќаровски, кој со високо етичко чувство за Хипократовото послание, јавно ги повика албанските политички лидери кои се и лекари по професија (Таравари, Османи, Села) заедно да се обратат до нашите сограѓани во општините каде се наоѓаат поголем дел од нивните гласачи, а кои најмногу се погодени од новиот бран на ширењето на заразата (Чаир, Липково, Лабуништа, Тетово и тн.), и да ги повикаат – ЗАЕДНО – на почитување на сите здравствени препораки заради опасноста од вирусот што ПОСТОИ. Истото им го советува и на шефот на државната Здравствена комисија и на водачот на здравствената комисија на опозицијата, ЗАЕДНО (и без политизирање) да се обратат до јавноста со порака за почитување на препораките, кои се усогласени и се применуваат од Јужниот до Северниот пол на Земјава.

Прочитајте и...  Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција

Тоа, се плашам, нема да се случи. Премногу би било „нормално“, на триесетина дена пред избори. Овдека забрзано се инвестира во „ненормалното“, со надеж дека тоа ќе донесе гласови.

Ај, баш да видиме, како ќе помине Линколн на изборите во јули.

Прочитај повеќе

Се подготвувате за летниот одмор? Еве колку ќе ве чини ноќевање во нашите туристички центри

Михаило Донев

Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција

Горан Наумовски

ПСИХИЈАТРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После секоја криза, следи криза на ментални болести

Мирослава Бурнс

Вакцината против Ковид-19, кога ќе биде готова, ќе дојде и во земјава, има 15 потенцијални производители

Мирослава Бурнс

Подготовки за есенскиот бран: Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Слободен печат

Јадранка Косор: Очувот се обиде сексуално да ме злоупотребува на 15 години

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Андоновиќ: Постизборни протести и негодување на актуелната политичка слика во регионот (ВИДЕО)

Слободен печат

Српско-косовската какофонија сè уште трае

Сашо Орданоски

„Оксфорд вакцината“ ќе почне со употреба во септември: Штити од Ковид-19 неколку години, а чини колку едно еспресо

Слободен печат

Петковска: Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката пред судот, сите граѓани се еднакви пред законот (ВИДЕО)

Слободен печат

Бајден победи на внатрепартиските избори во Порторико

Слободен печат

Гласачите сумираат впечатоци, се бира десеттиот парламент

Соња Христовска Угриновска