Норич му зеде мерка на Сити, Ливерпул перфектен (ВИДЕО)

фото: Twitter/Premier league

Манчестер сити доживеа шокантен пораз од 3:2 на гостувањето кај Норич во рамките на петтото коло во Премиер лигата.  По 30 минути игра, Норич веќе водеше со 2:0 со головите на Меклин и на Кантвел, а до крајот на полувремето, Агуеро намали на 2:1.

На стартот од второто полувреме, „граѓаните“ доживеаја нов шок, Пуки кој игра фантастично на стартот од сезоната, во 50. минута ја згоелмува предноста на Норич на 3:1. До крајот на средбата, „граѓаните“ имаа јалова иницијатива   од која успеаја да постигнат само еден гол и тоа преку Родри.

За разлика од Манчестер сити, Ливерпул по пет кола има максимални пет победи. Последна жртва на „црвените“ е Њукасл кој е победен со 3:1. Њукасл со голот на Вилемс во седмата минута ги налути „црвените“ кои одговорија со три гола преку Мане и Салах.

Маркус Рашфорд со голот од пенал му донесе победа на Манчестер јунајтед од 1:0 против Лестер.

Резултати: Ливерпул – Њукасл 3:1, Брајтон – Барнли 1:1, Манчестер јун. – Лестер 1:0, Шефилд –Саутемптон 0:1, Тотенхем – Кристал Палас 4:0, Вулверхемптон – Челси 2:5, Норич – Манчестер сити 3:2.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот