Нордиските синдикати ја напуштаат Меѓународната федерација на новинари поради коруптивни активности

Новинари илустрација/ Фото Архива

Финските, норвешките, данските и исландските новинарски синдикати ќе ја напуштат Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) во знак на протест поради „коруптивните активности”, вклучително и дозволувањето на новинарите на руските државни медиуми во Украина да останат членки, соопшти денеска финскиот синдикат.

Нордиските членови ја обвинија ИФЈ за долготрајни недемократски практики, криење финансиски податоци и дозволување претставници на руските државни медиуми да останат членки.

„Ние ги оценуваме овие активности како корупција”, изјави претседателката на Синдикатот на новинари во Финска, Хане Ахо.

Претседателот на Норвешкиот синдикат на новинари, Даг Идар Тригестад, рече дека синдикатите со години се борат да воспостават демократски правила за ИФЈ.

Нордиските синдикати, исто така, се пожалија на задржувањето информации за финансиите на ИФЈ, вклучувајќи ја и одлуката да се одржи светскиот конгрес минатата година во Оман, „каде што слободата на печатот е ограничена”.

„Целосно ги отфрламе лагите, клеветите и штетните обвинувања”, изјави заменик генералниот секретар на ИФЈ, Џереми Дир.

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) претставува 600.000 новинари во 146 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот