Номинации за 20. Награда на УНЕСКО за образование за девојки и жени

Државите членки на УНЕСКО може да поднесат номинации за 20-тата Наградa за образование за девојки и жени за 2020 година, која е финансирана од Народна Република Кина.

Целта е да се наградат исклучителните и иновативните практики во образованието на девојките и жените, а се состои од две парични награди од по 50.000 американски долари. Детали за наградата и аплицирањето се содржани на линкот on.unesco.org/gweprize.

-Доставувањето на номинациите е само преку онлајн-платформата на УНЕСКО достапна единствено на Перманентните делегации на УНЕСКО (во нашиот случај Амбасадата на РСМ во Париз) и затоа евентуалните кандидатури треба да се достават во електронска форма до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 20 мај 2020 година со цел да се запази крајниот рок на УНЕСКО за аплицирање – 26 мај 2020, објави Министерството за образование и наука. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот