Ноле трет, Рафа осми: Доказ дека помладите полека го освојуваат тенисот

Новак Ѓоковиќ е подобар во меѓусебните дуели против Стефанос Циципас/фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Асоцијацијата на тениски професионалци ја објави новата листа на АТП трката и за првпат од 2014 година, на врвот, во овој дел од сезоната, нема никој со презиме Ѓоковиќ, Надал или Федерер.

Во Топ 8 играчи кои се во трка за завршниот Мастерс, Новак Ѓоковиќ е на третото место, а Рафаел Надал на осмото, додека Рожер Федерер, очекувано, не е во изборот затоа што не играл никаде.

Србинот го освои грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн, но пред него се Андреј Рубљов и Стефанос Циципас на второто и првото место на трката.

Гркот игра одлично во последно време, па по четвртфиналето во Мелбурн ја освои титулата во Монте Карло каде го победи Рубљов и воедно играше финале во Барселона каде загуби од Рафа.

Тој беше поразен во финалето и во Акапулко, додека загуби во полуфиналето од Данил Медведев на „Австралија опен“. Ноле, моментно првиот светски рекет, се наоѓа на третото место поради Мелбурн, иако беше елиминиран пред финалето во Монте Карло и Белград.

Доколку сака, Ѓоковиќ ќе освојува грен слем титули и во наредните три години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот