Ноле е во Лондон, а Јелена е во „акција“ со друг! (ВИДЕО)

фото: Profimedia

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот српски тенисер Новак, се релаксира на часовите по јога кои се многу корисни за телото.

Според некои тврдења јогата помaга од телото да се отстрани вишокот на токсини, да се намали стресот, да се елиминираат негативните мисли и болките и му помага на човекот да се чувствува подобро.

Јогата не е лесна, не можете од првиот обид веднаш да ги направите повеќето пози, но доколку сте искусни можете да направите и потешки позиции во каква што се наоѓаше сега Јелена Ѓоковиќ која висеше на нозете на својот инструктор Џејсон.

– Сосема нормален ден на јога. Џејсон, утре доаѓам по уште. Најдобриот ден. Едвај чекам ова да го правам со тебе љубов (Новак Ѓоковиќ). Овој викенд сум на Самит ЛА…единствено искуство – напиша Јелена на својот Инстаграм профил.

Во меѓувреме сопругот на Јелена, Новак се подготвува за завршниот Мастерс турнир во Лондон, па ваквите видеа би можеле и малку да го деконцентрираат во обидот повторно да се искачи на тронот на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот