Ноќта во која цел Лестер и фудбалски свет плачеа

twitter/leichestercityfc

Екипата на Лестер во 2010 година беше дел од англиската втора лига, во 2016 година пак предводена од Клаудио Раниери стана сензационален шампион на Англија, а во 2018 година, целиот град тагуваше.

Токму во 2010 година кога Лестер беше второлигаш,за сума од 39 милиони фунти  беше купен од тајландскиот милијардер Вичаи Шривадханапрабха кој со паметни инвестиции неколку години подоцна успеа да го направи и англиски шампион.

Вичаи беше омилен од сите во англискиот град и како бизнисмен и како шеф и како човек. Токму денеска навршува една година од хеликоптерската несреќа во која тој заедно со уште четири лица го загубија животот.
За случувањата по несреќата за Би-Би-Си зборува тимот од противпожарната екипа која се наоѓаше во близина на „Кинг Пауер“ стадионот“.

twitter/leichestercityfc

– Околу 20.30 часот се огласи алармот, беше потребна интервенција од дежурната екипа. Во „лет“ се дозна за што станува збор, најважно беше веднаш да тргнеме кон местото на несреќата и да им помогнеме на луѓето, без разлика дали станува збор за пожар или некој друга несреќа –раскажува пожарникарот Дејн тенант.

На денешниот ден, минатата година, Лестер одигра само 1:1 против Вест Хем, а откако се испразнија трибините, на центарот на теренот слета приватниот хеликоптер на Вичаи со кој редовно го напушташе стадионот по натпреварите.

– Нашата станица е само 1.5 километри оддалечена од стадионот. Ние сме првите кои беа мобилизирани и најбрзо можеме да пружиме помош. Кога се огласи алармот и тоа како „пад на хеликоптер“, реално сите знаевме што се случило, знаевме дека станува збор за Вичаи. Голем број од луѓето во Лестер се големи навивачи на екипата и сознанието за несреќата беше голем удар и за нас – вели Ник Лак.

twitter/leichestercityfc

-Кога седев во дворот со својот син и кога ќе го слушнев звукот од хеликоптерот секогаш велев „Еве го лета, нашиот Лестер“. Некогаш кога ќе ве пратат на интервенција работите не се како што ги опишуваат дежурните диспечери. Значи, кога дознавме дека е „пад на хеликоптер“, моравме да работиме како да не знаеме за кого станува збор и во тие моменти го работиме тоа што ни  е задача, се обидуваме да помогнеме на секој кој му е потребна помош – зборува Тенант.

Еден од првите кој се појави на местото на несреќата беше Џо Робинсон.
– Поминаа само неколку минути од падот па се до нашето доаѓање. Чувствата не можат да се опишат но како што зборува Дејв, не е важно за кого станува збор, ние сакаме и мораме да помогнеме на сите, без разлика дали е претседателот на нашиот клуб или бездомник. Кога објавена веста за трагедијата веќе целиот свет знаеше за кого станува збор.

Јас не сум голем навивач на Лестер, но затоа сите кои ги знае, се фанови на Лестер. Пораките и повиците почнаа да пристигнуваат, но не смеа да се јавам. Се знае редот и протоколот, се знае кој и како ги објавува деталите и семејствата и најблиските на починатите мора веста да ја добијат од одговорните. Ние веднаш се појавивме на местото на несреќата и направивме  се што можевме да направивме – вели Робинсон.

Покрај сопственикот Вичаи Шривадханапрабха, во несреќата загинаа и неговите соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свејфер и сопатничката Изабела Роза Лечовиц. Причината за несреќата беше откажувањето на моторот по што не можеше да се управувва со хеликоптерот.

– Ова е лично за мене и за останатите. Ова е нашиот кварт, нашиот клуб и луѓето кои ги знаевме или за кои знаевме. Тие на нас и нашите семејства и на целиот град му донесоа толку многу среќа и затоа оваа трагедија ја сфаќаме лично. Трагедијата го погоди и клубот и градот – зборува Тенант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот