Ноќно бележење на улиците за помалку гужва

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во рамките на проектите за нивната реконструкција, вчеравечер спроведоа акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот „Партизански одреди“ и  на улицата „Лазар Личеноски“, информира Град Скопје.

Реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“ се изврши на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.

„Со овој проект целосно се замени асфалтот  на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. Овој проект Градотот го чинеше околу 69 милиони денари“, информираат градските власти.

Со проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеноски се изврши целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале. Покрај коловозот, со овој проект се изврши асфалтирање на тротоарите и се поставија нови бетонски рабници, се вели во соопшението од Град Скопје.

За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот