Ноќниот живот се враќа во нормала: Тамара Тодевска со настап во Скопје по долгата пауза поради пандемијата!

Фото: Инстаграм

После неколкумесечна пауза заради корона кризата полека почнува да се враќа животот, а со тоа, секако, и оној ноќниот и забавите.

Со оглед на тоа дека меѓу најпогодените од кризата се токму оние кои се задолжени за добрите журки и убавото расположение, тимот на Intermezzo Music Bar задржувајќи ја традицијата да биде секогаш уникатен и поразличен од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња, стартува со кампања под мотото петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена.

Прва на списокот е Тамара која во живо, во петок на сцената ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Журката со Тамара е закажана на 26 јуни со почеток во 20 часот. Бројот на влезници е ограничен, затоа што од првиот музички бар кај нас велат дека журката ќе биде според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот