Ноќна мора на небото: Падобранот му се заплеткал, го делеле секунди од смртта (ВИДЕО)

Profimedia

Запрепастен минувач снимал видео од застрашувачки момент во кој се нашол падобранец.

Падобранот му се заплеткал додека се спуштал. Инцидентот бил забележен на островот Џерси во каналот Ла Манш.

Оние што гледале мислеле дека тоа е последниот скок на падобранецот.

Како што подоцна рекол Мел Ричардсон, главниот инструктор од Скајдајв Џерси, падобранецот успеал да го отфрли првиот падобран и да го активира другиот точно на време за да си го спаси животот и да избегне голема трагедија за само неколку секунди.

Ричардсон потврдил дека инцидентот се завршил без повреди на падобранецот.

https://www.facebook.com/ChillClinton/videos/vb.608805710/10162193749660711/?type=2&video_source=user_video_tab

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот