Ноќеска сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Тешко повреден дваесет и тригодишник

Фото: Слободен печат/Архива

Дваесет и тригодишник е тешко повреден при сообраќајна незгода што се случи утрово на патот Кавадарци-Росоман.

– Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на градниот кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцево-белодробен систем и го упативме на Ургентен во Скопје, рече доктор Драги Јованов, специјалист ортопед во кавадаречката болница.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека околу еден часот добиле пријава за излетување од пат на патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки, кај село Манастирец, управувано од 23 годишен кавадарчанец. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во болницата во Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот