Ноќеска полицијата привела 44 лица кои се шетале за време на полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Полицијата привела 44 од нив, 10 лица опоменала а за останатите се изготвени соодветни записници кои се доставени до надлежното основно јавно обвинителство, информира заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Ноќеска 94 лица во земјава излегле од дома за време на полицискиот час и не ја почитувале мерката за забрана за движењето.

Полицијата привела 44 од нив, 10 лица опоменала а за останатите се изготвени соодветни записници кои се доставени до надлежното основно јавно обвинителство, информира заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

-Во текот на вчерашниот ден на 90 лица им се издадени решенија за изолација, додека 99 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица во самоизолација не ја почитувале оваа мерка, односно не било пронајдени во својот дом- напиша заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 253 контроли и во шест случаи констатирано е непочитување на мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот