Нојер го продолжи договорот со Баерн Минхен

twitter.com/ThatArabKeeper

– Тој е најдобриот голман на светот и наш капитен – рече извршниот директор на баварскиот клуб, Румениге.

Како што официјално информираат од германскиот фудбалски шампион, чуварот на мрежата останува верен на баварскиот клуб.

34-годишниот голман Мануел Нојер потпиша нов договор со Баерн Минхен кој ќе трае до 30 јуни 2023 година.

Баерн е многу среќен што Мануел го продолжи договорот. Тој е најдобриот голман на светот и наш капитен – рече извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Нојер е член на екипата од летото 2011 година, успеа седумпати да ја освои Бундеслигата, петпати националниот Куп, а по еднаш Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Воедно со најдобрата германска репрезентација се искачи на врвот на Мундијалот во 2014 година во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот