Ноември најтопол месец од 1951 година

Ноември годинава е најтопол месец од 1951 година наваму, но и надпросечно влажен на ниво на државата.

Како што информира УХМР, минатиот месец беа регистрирани повеќе од 17 дена со максимална температура над 15 степени со исклучок на Маврово. Средната месечна температура варираше од 6,3 степени во Маврово до 13,6 степени во Демир Капија. Споредено со просечните ноемвриски средно месечни температури од 1981 – 2010 година, годинашните се повисоки за 4,8 степени.

Највисоката максимална температура беше 25,7 степени, измерена на 6 ноември во Скопје (Зајчев Рид), додека средната максимална варираше од 10,2 во Маврово до 18,5 степени во Гевгелија.

Најниската минимална температура од -1,8 степени на 30 ноември е измерена во Маврово и беше повисока од минималната измерена минатиот октомври. Средната минимална температура варирала од 3,4 степени во Маврово до 10,4 степени во Гевгелија.

Во ноември 2019, месечната сума на врнежи, пак, варирала од 52 милиметра во Крива Паланка до 214 во Маврово. Максималната дневна сума на врнежи од 36 милиметри била регистрирана во Маврово на 13-ти во месецот. Врнежите биле од дожд и биле повисоки од просечните на целата територија од државата, повеќе во западниот отколку во источниот реон.

Споредено со ноемвриската просечна вредност од 1981 – 2010 година, измерената месечна сума на врнежи била 29 милиметри или 41 процент поголема од просечната на ниво на држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот